За нас

Се што треба да знаете за Хидро-тек.

Хидро-тек е компанија која се занимава со производство, изработка, монтирање и сервисирање на секаков вид на хидраулични и пневматски инсталации. Веќе 20 години сме присутни на домашниот пазар и соработуваме со сите деловни субјекти кои поседуваат машинска опрема или механизација, како градежни претпријатија, претпријатија кои се занимаваат со дејности од јавната и комуналната сфера, транспортни претпријатија и др.

Покрај изработката на црева по нарачка, исто така се занимаваме и со дистрибуирање на репроматеријали на неколку претпријатија кои се занимаваат со сродна дејност. За сите хидраулични компоненти како што се црева и спојки, пумпи, филтри, автомобилски кочници, хидростатички мотори, резервоари за масло, јавете ни се. Готовите производи ги атестираме на тест машина за испитување на работниот притисок, со што дополнително го гарантираме квалитетот и сигурноста на изработените црева.

Услуги

Услуга 1

Хидраулични црева, оплетени со една, две, четири и шест жици, изработени комплет со спојки, со димензии од 3/16" па до 3"

Услуга 2

Црева и челични цевки за хидраулични сопирачки во автомобилската индустрија (комплетна програма)

Услуга 3

Наменски црева за во индустријата, во различни димензии во согласност со стандардите за нивна примена како за пренос на вода, за пренос на пареа, за пренос на компримиран воздух, за пренос на масло,за пренос на гориво, црева со висока отпорност на абразија итн.

Услуга 4

Комплетна програма на О-прстени, манжетни и сетови манжетни за хидраулика во сите димензии, со комплетна услуга за репарирање на цилиндри.

Во рамките на нашиот асортиман, единствено во РМ ние ги изработуваме хидрауличните црева од програмата на INTERLOCK, кои се користат во тешки услови за работа во рудници, каменоломи и сл., каде се потребни црева кои издржуваат екстремно високи притисоци и висока отпорност на абразија.

Официјални дистрибутери за Р. Македонија на програмата на

Галерија